Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:22-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.

23. Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:

24. тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.

25. Тој рече и буроносниот ветер се завиори, што ги крева морските бранови во височина.

26. Се креваа до небо, се спуштаа во бездна. Душата им гинеше во неволја.

27. Се лулаа и се слизнуваа како пијани, сета мудрост ги изневери.

28. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија и Тој ги истрга од сите неволји.

Прочитајте целосна глава Псалми 107