12. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне.
13. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји.
14. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови.
15. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
16. Зашто ја разби бронзената врата и ги скрши железните лостови.
17. Неразумните се мачеа заради своите бунтовни патишта, поради своите безумности, се мачеа.
18. Секое јадење и се гадеше на нивната душа, дојдоа до вратата на смртта.
19. Тогаш извикаа кон Господа, во својата беда, и Тој ги спаси од сите неволји.
20. Го испрати Своето слово, за да ги оздрави, и за да им го спаси животот од гробната јама.
21. Нека Го фалат Господа за Неговата добрина, за Неговите чудеса кон човечките синови!
22. Нека принесуваат благодарни жртви, и воскликнувајќи нека ги раскажуваат Неговите дела.
23. Тие кои забродија со бродови по морето, да тргуваат по силните води:
24. тие ги видоа Господовите дела, Неговите чудеса во длабочните.