Стар Завет

Нов Завет

Псалми 107:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Седеа во мрак и во темнина, оковани со беда и со железо,

11. зашто и се противеа на Божјата беседа и го презреа наумот на Сèвишниот.

12. Заради тоа им го скрши срцето со страдања, се слизнуваа, а немаше никој да им помогне.

13. Тогаш извикаа кон Господа во својата тешкотија, и Тој ги спаси од сите неволји.

14. Ги изведе од мрак и од темнина, ги скина нивните окови.

Прочитајте целосна глава Псалми 107