Стар Завет

Нов Завет

Псалми 106:26-41 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

26. Се заколна тогаш со крената рака: ќе ги покоси сите во пустината,

27. ќе го распрсне нивното поколение меѓу народите, ќе ги растури нив по земјата.

28. Му се посветија на Валфегора и јадоа жртви за мртвите.

29. Го предизвикаа со своите зли дела, и Тој фрли на нив помор.

30. Но стана Финес, и Го умилостиви, и поморот го снема тогаш.

31. Тоа му се засмета за заслуга, во сите поколенија довека.

32. Го разгневија пак кај Меривските Води, и зло го погоди Мојсеја заради нив,

33. зашто му го огорчија духот, изусти невнимателен збор.

34. И не ги истребија народите, за кои Господ им беше наредил.

35. Се измешаа со многубошците, ги научија нивните дела;

36. ги почитуваа нивните ликови, што им станаа стапица.

37. Им ги жртвуваа своите синови и своите ќерки на демоните.

38. Пролеваа невина крв, крвта на своите синови и ќерки, што ги жртвуваа на ханаанските ликови. Земјата беше онечистена од крв,

39. се извалкаа со своите дела, направија прељуба со своите зли дела.

40. Господ пламна со гнев на Неговиот народ, Му се згнаси Неговото наследство.

41. Ги предаде во рацете на многубошците, и нивните мразители управуваа над нив.

Прочитајте целосна глава Псалми 106