Стар Завет

Нов Завет

Псалми 104:24-35 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија.

25. Ене го големото и широко море, низ него се движат безбројни лазачи, мали и големи животни.

26. Оттаму поминуваат кораби, морското чудовиште, што го создаде да се игра во него.

27. И сите овие чекаат на Тебе, за да ги нахраниш на време.

28. Ако им даваш, тогаш собираат. Ако ја отвориш раката, се наситуваат со блага.

29. Скриеш ли го Своето лице, тогаш се растажуваат; ако им го одземеш здивот, умираат и пак се враќаат во прав.

30. Го испраќаш Својот Дух, пак се создаваат, и така го обновуваш лицето на земјата.

31. Нека трае довека Господовата слава: нека се радува Господ во Своите дела!

32. Тој ја погледна земјата, и таа се стресе, кога ги допира планините, тие се задимуваат.

33. Ќе Му пеам на Господа додека сум жив, ќе Му свирам на мојот Бог додека суштествувам.

34. Ќе Му биде мило моето размислување! Јас ќе се радувам во Господа.

35. Нека ги снема грешниците од земјата, и нека ги нема веќе беззакониците! Благословувај Го Господа, душо моја! Алилуја!

Прочитајте целосна глава Псалми 104