Стар Завет

Нов Завет

Псалми 104:17-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

17. Таму се гнездат птиците, а елките се живеалиште на штркот.

18. Високите планини им даваат засолниште на дивите кози, а пештерите на јазовците.

19. Ти ја создаде месечината, за да ги означува времињата, и сонцето знае каде треба да зајде.

20. Кога ја распростираш темнината и ноќта се спушта, тогаш низ неа скришно шетаат горските животни.

21. Лавчињата рикаат по плен и бараат храна од Бога.

22. Штом сонцето ќе огрее, ги снемува и легнуваат во своите легла.

23. Тогаш човекот излегува на дневна работа, и на труд до вечерта.

Прочитајте целосна глава Псалми 104