14. Ти правиш да никне трева за добитокот, и зеленчук за потребите на човекот, за да вади леб од земјата.
15. И вино, што го развеселува човечкото срце; да го освежи лицето со масло, и лебот да го зајакне човековото срце.
16. Господовите дрва се наситија со храна, ливанските кедри, што Тој ги посади.
17. Таму се гнездат птиците, а елките се живеалиште на штркот.
18. Високите планини им даваат засолниште на дивите кози, а пештерите на јазовците.
19. Ти ја создаде месечината, за да ги означува времињата, и сонцето знае каде треба да зајде.
20. Кога ја распростираш темнината и ноќта се спушта, тогаш низ неа скришно шетаат горските животни.
21. Лавчињата рикаат по плен и бараат храна од Бога.
22. Штом сонцето ќе огрее, ги снемува и легнуваат во своите легла.
23. Тогаш човекот излегува на дневна работа, и на труд до вечерта.
24. Колку се бројни Твоите дела, о Господи! со мудрост направи сè: земјата е полна со Твои созданија.
25. Ене го големото и широко море, низ него се движат безбројни лазачи, мали и големи животни.
26. Оттаму поминуваат кораби, морското чудовиште, што го создаде да се игра во него.