Стар Завет

Нов Завет

Псалми 104:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Благословувај Го Господа, душо моја! Господи, Боже мој, Ти си многу велик! Облечен си со величество и убавина!

2. Наметнат со светлина како со наметка! Небото го оптегна како шатор,

3. ги изгради Твоите дворци над водите. Ја правиш Својата кола од облаци, патуваш врз крилјата на ветровите.

4. Ги правиш ангелите Свои духови, а вжарениот оган за Твои слуги.

5. Земјата ја постави врз нејзините основи, не ќе се разлулее низ вечни времиња.

6. Ја покри со водени бездни како со облека, водите стоеја над планините;

7. се повлекоа од Твоите заканувања, се стресоа од Твоето грмење.

Прочитајте целосна глава Псалми 104