Стар Завет

Нов Завет

Псалми 103:2-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

2. Благословувај Го Господа, душо моја, и не заборави ги Неговите добротворства:

3. Тој ги проштава сите твои гревови, Тој ги исцелува сите твои болести;

4. Тој ти го спасува животот од распадливост, те овенчува со добрина и љубов;

5. Ти го исполнува животот со добрини, твојата младост се обновува како на орелот.

6. Господ прави праведни дела, и на угнетуваните им ја враќа правдата,

7. на Мојсеј му ги објави Своите патишта, на Израелевите синови Своите дела.

8. Жалостив и милостив е Господ, долготрпелив и многу милостив.

9. Не е јаросен за вечни времиња, ниту Неговиот гнев пламнува довека.

10. Не постапува со нас според нашите гревови, ниту ни плаќа според нашите беззаконија.

11. Зашто колку е небото високо над земјата, толку е голема Неговата милост кон оние што се бојат од Него.

12. Колку е исток далеку од запад, толку ги оддалечува од нас нашите беззаконија.

13. Како што таткото ги милува синовите, така Господ ги милува оние, кои се бојат од Него.

14. Зашто знае добро како сме создадени, си спомнува дека сме прав.

15. Човековите денови се како трева, цветаат како полски цвет;

Прочитајте целосна глава Псалми 103