Стар Завет

Нов Завет

Псалми 102:4-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Моето срце се суши како косена трева и заборавам да го јадам мојот леб.

5. Од моите силни офкања, моите коски се долепија до мојата кожа.

6. Сличен сум на несит во пустина, станав како буф во пуста урнатина.

7. Лишен сум од сон, како осамено врапче на покривот.

8. Секојдневно ме укоруваат моите непријатели, тие што беснеат на мене, проколнуваат со моето име.

9. Јадам пепел како леб, а својот пијалак го мешам со солзи,

10. заради Твојата лутина и гневот, зашто ме воздигна и ме фрли.

11. Моите денови се како издолжена сенка, а јас, ете, се сушам како трева.

12. А Ти, о Господи, остануваш довека, и Твоето име низ сите родови.

13. Стани, смилувај му се на Сион: Време е да му се смилуваш, сега е часот!

14. Зашто мили им се неговите камења на твоите слуги, ги жалат неговите урнатини.

15. Тогаш, Господи, многубошците ќе се бојат од Твоето име, и сите цареви на земјата од Твојата слава.

16. Кога Господ пак ќе го изгради Сион, кога ќе се покаже во Својата слава,

17. кога ќе погледне кон молитвите на лишените, и не ја презре нивната молитва.

18. Нека се запише ова за идното поколение, и луѓето што ќе бидат создадени, ќе Го фалат Господа.

19. Зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата,

20. за да ги чуе воздишките на затворените, за да ги ослободи осудените на смрт,

21. за да се навести Господовото име на Сион, и Неговата фала во Ерусалим,

Прочитајте целосна глава Псалми 102