Стар Завет

Нов Завет

Псалми 102:18-28 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Нека се запише ова за идното поколение, и луѓето што ќе бидат создадени, ќе Го фалат Господа.

19. Зашто Бог гледа од Своето возвишено светилиште, гледа од небесата кон земјата,

20. за да ги чуе воздишките на затворените, за да ги ослободи осудените на смрт,

21. за да се навести Господовото име на Сион, и Неговата фала во Ерусалим,

22. кога ќе се соберат народите и царствата, за да Му служат на Господа.

23. Патем ги истроши моите сили, ми ги скрати деновите.

24. Реков: „Мој Боже, не ме земај во средина на моите дни! Твоите години остануваат низ сите поколенија.

25. Во почетокот ја основа земјата и небото е дело на Твоите раце.

26. Тие ќе исчезнат, а Ти ќе останеш, сè ќе остарее како облеката. Ги менуваш како облеките, и ги снемува.

27. Ти си секогаш ист - нема крај на Твоите години.

28. Децата на Твоите слуги ќе живеат во мир, и нивното потомство ќе трае пред Тебе.”

Прочитајте целосна глава Псалми 102