Стар Завет

Нов Завет

Псалми 102:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Молитва на страдалник, кога тој тажи и ја излива својата тага пред Господа. Господи, послушај ја мојата молитва, и мојот повик нека стигне до Тебе!

2. Не го криј Твоето лице од мене, во денот на мојата неволја! Наведни го Твоето уво кон мене: во денот кога ќе Те повикам, послушај ме бргу!

3. Зашто моите денови исчезнуваат како дим, а моите коски горат како оган.

4. Моето срце се суши како косена трева и заборавам да го јадам мојот леб.

5. Од моите силни офкања, моите коски се долепија до мојата кожа.

6. Сличен сум на несит во пустина, станав како буф во пуста урнатина.

7. Лишен сум од сон, како осамено врапче на покривот.

8. Секојдневно ме укоруваат моите непријатели, тие што беснеат на мене, проколнуваат со моето име.

9. Јадам пепел како леб, а својот пијалак го мешам со солзи,

10. заради Твојата лутина и гневот, зашто ме воздигна и ме фрли.

Прочитајте целосна глава Псалми 102