5. Неговите патишта секогаш се опаки; на Твоите судови тој и не мисли; ги презира сите свои противници.
6. Во своето срце вели: „Нема да се расколебам! Нема да бидам несреќен - од род во род.”
7. Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел.
8. Седи во заседа, покрај оградите во селата, потајно го убива невиниот, со очите го демне бедниот.
9. Седи во засолниште, како лав во пештера, демне да го ограби сиромашниот и да го вовлече во својата мрежа.
10. Се притајува, прилегнува, и беспомошните паѓаат под неговата сила.
11. Во своето срце вели: „Бог заборави, го крие Своето лице и нема да види никого.”
12. Стани, Господи Боже, крени ја Својата рака! Не заборавај ги бедните!
13. Зошто безбожникот Го презира Бога? Тој вели во своето срце: „Нема да води истрага.”
14. Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето.
15. Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе.
16. Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја.
17. Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво:
18. да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.