Стар Завет

Нов Завет

Псалми 10:14-18 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Ти виде, зашто ги гледаш неправдите и маките, и ги мериш во раката. Бедниот Ти се доверува Тебе, Ти си му помошник на сирачето.

15. Сотри му ја мишката на нечестивиот, и на злотворот, казни му го лукавството, за да не биде повеќе.

16. Господ е Цар, секогаш, низ вековите, ќе ги снема народите од Неговата земја.

17. Господи, Ти ги слушаш желбите на кротките; зајакни им ги срцата; отвори го Своето уво:

18. да го заштитиш правото на сирачето и угнетуваниот, така што човекот, кој е од земја, да не застрашува веќе.

Прочитајте целосна глава Псалми 10