1. Зошто, Господи, стоиш далеку, зошто се криеш во време на неволја?
2. Од гордоста на нечесните се измачуваат бедните; нека се фатат во сплетките што ги замислија.
3. Безбожникот се фали со желбите на својата душа; среброљубецот се одречува од Господа и Го презира.
4. Безбожникот вели во својата гордост: не, нема истраги! Па нема ни Бог! Такво е неговото мислење.
5. Неговите патишта секогаш се опаки; на Твоите судови тој и не мисли; ги презира сите свои противници.
6. Во своето срце вели: „Нема да се расколебам! Нема да бидам несреќен - од род во род.”
7. Устата му е полна со клетви, итрини и измами, под неговиот јазик има злоба и гибел.