Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 8:1-8 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој е како мудрецот? Кој уште знае да ги толкува работите? Мудроста му го разведрува лицето на човекот и го менува неговиот суров лик.

2. Затоа велам: слушај ја царската повелба заради Божјата заклетва.

3. Не брзај да си заминеш од присуството негово, и не биди тврдоглав кога причината не е добра, зашто тој прави како што му одговара.

4. Зашто во царскиот збор е силата, и кој смее да го праша: „Што правиш?”

5. Кој ги пази заповедите, не познава лоши работи, и срцето на мудрецот знае за времето и за судот.

6. Зашто постои време и суд за сите, а злото тешко го измачува човекот.

7. Зашто тој не знае што ќе биде; а кој може да му каже кога што ќе биде?

8. Никој не може да го совлада духот, за да го задржи духот, ниту има власт над смртниот ден, во тоа војување нема одлагање; ниту нечесноста го избавува оној што ја прави.

Прочитајте целосна глава Проповедник 8