Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 8:1-7 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кој е како мудрецот? Кој уште знае да ги толкува работите? Мудроста му го разведрува лицето на човекот и го менува неговиот суров лик.

2. Затоа велам: слушај ја царската повелба заради Божјата заклетва.

3. Не брзај да си заминеш од присуството негово, и не биди тврдоглав кога причината не е добра, зашто тој прави како што му одговара.

4. Зашто во царскиот збор е силата, и кој смее да го праша: „Што правиш?”

5. Кој ги пази заповедите, не познава лоши работи, и срцето на мудрецот знае за времето и за судот.

6. Зашто постои време и суд за сите, а злото тешко го измачува човекот.

7. Зашто тој не знае што ќе биде; а кој може да му каже кога што ќе биде?

Прочитајте целосна глава Проповедник 8