Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 7:20-29 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.

21. И уште едно: не обрнувај внимание на озборувањето; можеби ќе чуеш дека твојот слуга те колнел;

22. а твоето срце знае како и ти често ги колнеше другите.

23. Сè тоа го испитав со мудроста. Мислев дека сум мудар но мудроста ми беше несфатлива.

24. Она што е, далеку е и длабоко, толку длабоко - кој може да го најде.

25. И уште еднаш се обидов да ги истражам и да ги разберам мудроста и разумот, да ја сознаам нечесноста како и глупоста, а лудоста како безумие.

26. Открив дека има нешто погорчливо од смртта - жената, чие срце е примка и мрежа, а рацете окови; кој Му е мил на Бога, ја избегнува, а грешникот ќе биде уловен од неа.

27. Ете, тоа сè го открив во сè, вели Проповедникот.

28. И уште барав. Но без успех. Најдов маж - еден меѓу илјада, а не најдов ниедна жена меѓу сите.

29. Го открив, ова: Бог го создаде човекот едноставен, а тој смислува безбројни сплетки.

Прочитајте целосна глава Проповедник 7