Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 7:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. Не биди преправеден и не замислувај се дека си премудар; зошто да се уништуваш?

17. Не биди прелош, и не биди безумен; зошто да умреш пред времето?

18. Добро е да се придржуваш за едното, но ни другото не го испуштај од раката, зашто кој се бои од Бога, се избавува од сè.

19. Мудроста на мудрецот му дава поголема сила на градот, отколку десет градоначалници.

20. На земјата нема праведник, кој правејќи добро никогаш не согрешил.

Прочитајте целосна глава Проповедник 7