Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 7:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето.

2. Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост,отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето.

3. Подобар е јадот отколку смеата,зашто срцето е радосно зад жалосно лице.

4. Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба.

Прочитајте целосна глава Проповедник 7