Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 7:1-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Подобро е доброто име отколку скапоценото масло, и смртниот ден отколку денот на раѓањето.

2. Подобро е да се влезе во куќа каде е жалост,отколку во куќа каде е гозба, зашто онаму е крајот на секој човек, и кој е жив, нека го вложи ова во срцето.

3. Подобар е јадот отколку смеата,зашто срцето е радосно зад жалосно лице.

4. Срцето на мудрите е во куќата на жалост, а срцето на безумните во куќата на веселба.

5. Подобро е да се слуша укорот на мудриот човек, отколку да се слуша пеењето на безумните.

6. Зашто смеата на глупиот е како крцкањето на трњето под котел, и тоа е суета.

7. Угнетувањето ги прави мудрите - безумни, а поткупите го расипуваат срцето.

8. Подобар е крајот на работата отколку нејзиниот почеток, и подобро е трпението од гордоста.

9. Не брзај со гнев, зашто гневот почива во срцето на глупиот.

10. Не прашувај зошто некогашните времиња биле подобри од овие, зашто тоа не е мудро прашање.

11. Мудроста е како скапоцено наследство и полезна е за оние врз кои свети сонцето.

Прочитајте целосна глава Проповедник 7