Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 6:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И видов: има уште едно зло под сонцето, и тешко ги притиска луѓето:

2. некому Бог му доделува богатство и имот и почести, па има сè што му сака душата. Но не му доделува тоа и да го јаде, туку ужива туѓинецот. Тоа е суета и тешко страдање.

3. И велам: подобро е недоносено дете, од оној кој би родил сто деца и би живеел многу години, а самиот не би уживал во благото и не би имал погребение;

4. зашто недоносеното дојде напразно и отиде во темнина, и името му е покриено со темнина;

5. сонцето ниту го виде ниту го созна - а поспокојно е од оној.

6. Па кога би живеел таков живот и две илјади години, а не би уживал во своето благо, зар не заминуваат двата еднакво на исто место?

7. Човекот се труди само за да јаде, а неговата душа никогаш не се наситува.

8. Зашто во што е мудрецот подобар од безумниот, и што да се рече за бедниот кој умее да се однесува пред луѓето?

9. Подобро е да се види со очите отколку да се скита со желби. И тоа е суета и тежина на духот.

Прочитајте целосна глава Проповедник 6