Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 6:1-3 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. И видов: има уште едно зло под сонцето, и тешко ги притиска луѓето:

2. некому Бог му доделува богатство и имот и почести, па има сè што му сака душата. Но не му доделува тоа и да го јаде, туку ужива туѓинецот. Тоа е суета и тешко страдање.

3. И велам: подобро е недоносено дете, од оној кој би родил сто деца и би живеел многу години, а самиот не би уживал во благото и не би имал погребение;

Прочитајте целосна глава Проповедник 6