Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 5:4-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

4. Кога ќе му заветуваш нешто на Бога, исполни го тоа веднаш, зашто Нему не Му се мили безумниците. Затоа исполни го секој свој завет.

5. Подобро е да не се заветува отколку да се заветува, а да не се исполни заветот.

6. Не дозволувај и на својата уста да ти наведе телото на грев, и не вели подоцна пред ангелот дека било грешка. Зошто да Му се дава прилика на Бога да се разгневи на твојот збор и да го уништи делото на твоите раце?

7. Зашто колку повеќе соништа и зборови; толку повеќе и суети. Затоа бој се од Бога.

8. Ако видиш дека го угнетуваат сиромавиот и дека ги газат правдата и судот во земјата, не чуди се на тоа, зашто над високиот набљудува повисокиот, а над него највисокиот.

9. Ползата од земјата е за сите: и царот зависи од нивите.

10. Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.

11. Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите?

Прочитајте целосна глава Проповедник 5