Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 5:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Сонот доаѓа од многу грижи, а лудиот говор од многу зборови.

4. Кога ќе му заветуваш нешто на Бога, исполни го тоа веднаш, зашто Нему не Му се мили безумниците. Затоа исполни го секој свој завет.

5. Подобро е да не се заветува отколку да се заветува, а да не се исполни заветот.

6. Не дозволувај и на својата уста да ти наведе телото на грев, и не вели подоцна пред ангелот дека било грешка. Зошто да Му се дава прилика на Бога да се разгневи на твојот збор и да го уништи делото на твоите раце?

7. Зашто колку повеќе соништа и зборови; толку повеќе и суети. Затоа бој се од Бога.

8. Ако видиш дека го угнетуваат сиромавиот и дека ги газат правдата и судот во земјата, не чуди се на тоа, зашто над високиот набљудува повисокиот, а над него највисокиот.

9. Ползата од земјата е за сите: и царот зависи од нивите.

10. Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.

11. Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите?

Прочитајте целосна глава Проповедник 5