Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 5:18-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел.

19. Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело - и тоа е дар од Бога.

20. Зашто тогаш барем не мисли многу на деновите на својот живот, кога Бог му дава да му се весели срцето.

Прочитајте целосна глава Проповедник 5