Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 5:16-20 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

16. И тоа е тешко зло зашто си заминува така како што и дошол; па каква му е ползата од тоа што се измачувал за ветер.

17. Сите свои денови ги јаде во темнина, во неволја,во грижа, во болест и во гнев.

18. Затоа го заклучувам ова: права среќа за човекот е да јаде и да пие и да биде задоволен со сиот свој труд, со кој се измачува под сонцето за време на краткиот век што му го дал Бог, зашто таква судбина му е дадена во дел.

19. Па ако Бог му дал на човекот богатство и имот за да ги ужива и за да биде задоволен со своето дело - и тоа е дар од Бога.

20. Зашто тогаш барем не мисли многу на деновите на својот живот, кога Бог му дава да му се весели срцето.

Прочитајте целосна глава Проповедник 5