Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 5:10-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Кој ги сака сребрениците, никогаш ги нема достатно; кој го сака богатството, никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.

11. Каде се умножува богатството, се умножуваат и тие кои го јадат; па каква полза му е од тоа на господарот, освен да го гледа со очите?

12. Сладок е сонот на трудољубивиот, дали јал малку или многу, додека богатството не го остава богатиот да заспие.

13. И видов тешко зло под сонцето: собрано богатство што му е на пропаст на својот сопственик.

14. Зашто при лоша незгода пропаѓа таквото богатство, па не му останува ништо на синот што му се родил.

15. Гол излезе од утробата на својата мајка и така гол и ќе си отиде каков што дојде; ништо нема да понесе од сиот свој труд.

Прочитајте целосна глава Проповедник 5