Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 4:8-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

8. Човек сосем сам - без син, без брат, и пак нема крај на неговиот труд; очите не можат да му се наситат со богатство; а не мисли: за кого се трудам и си го скратувам доброто себеси? И тоа е суета и зло дело.

9. Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд.

10. Ако падне едниот, другиот ќе го поткрене а тешко му на едниот! Ако падне, нема никој да го крене.

11. Па и ако се спие двајца заедно потопло е; а како ќе се загрее самецот?

12. И ако некој удри на едниот, двајцата ќе му се спротиват; и троструко јаже не се кине скоро.

Прочитајте целосна глава Проповедник 4