Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 4:1-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Пак почнав да ги набљудувам сите насилства што се прават под сонцето, и ете, солзи на угнетуваните, и никој нема да ги избрише; и насилствата на угнетувачката рака, а утешител нема за нив.

2. Затоа ги сметам среќни мртвите што веќе умреле; посреќни се од живите што живеат уште.

3. А од едните и другите е посреќен оној кој уште не постои, кој не ги видел лошите дела што се прават под сонцето.

4. Натаму искусив дека секој напор и секој успех му прибавува на човекот завист од неговиот ближен. И тоа е суета и гонење на ветер.

5. Безумникот ги скрстува рацете и се јаде себеси.

6. Подобро е полн грст во мир отколку двата грста со мачен труд и мака во духот.

7. И уште една суета забележав под сонцето:

8. Човек сосем сам - без син, без брат, и пак нема крај на неговиот труд; очите не можат да му се наситат со богатство; а не мисли: за кого се трудам и си го скратувам доброто себеси? И тоа е суета и зло дело.

9. Подобро им е на двајцата отколку на еден, зашто имаат подобра плата за својот труд.

Прочитајте целосна глава Проповедник 4