Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 3:5-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Време за фрлање камења и време за собирање на камења; време за прегрнување и време кога се остава прегрнувањето.

6. Време за барање и време за губење; време за пазење и време за отфрлање.

7. Време за кинење и време за шиење; време за молчење и време за зборување.

8. Време за љубење и време за мразење; време за војна и време за мир.

9. Која е ползата на работникот од неговиот труд?

10. Ја видов таа грижа, што Бог им ја даде на човечките синови, за да се трудат во тоа.

11. Сè што прави Тој е прекрасно во свое време; им ја всадил вечноста во нивните срца, иако човек не може да ги постигне делата што Бог ги прави од почеток до крај.

12. Знам дека нема друга среќа за човекот освен да се весели и да прави добро за време на својот живот.

13. И кога човекот јаде и пие и ужива во својот труд, и тоа е Божји дар.

14. И знам дека сè што прави Бог, останува довека. На тоа не може ништо да му се додаде, ниту може да му се одземе; а Бог прави така за да имаат стравопочитување од Него.

15. Што суштествува, веќе било, и што ќе биде, веќе суштествувало; а Бог го обновува она што помина.

Прочитајте целосна глава Проповедник 3