Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 11:3-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува.

4. Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее.

5. Како што не знаеш кој е патот на ветерот и како растат коските во утробата на трудна жена, така не ги знаеш ни делата на Бога, Кој создаде сè.

6. Наутро сеј го своето семе а навечер твојата рака нека не почива, зашто не знаеш дали ќе биде подобро ова или она, или двете ќе бидат еднакво добри.

7. Мила е светлината и пријатно е да се види со очите сонцето.

8. Но ако човекот живее и многу години, нека се весели секогаш, и нека си спомни дека ќе има многу темни денови. Суета е сè што ќе дојде.

9. Затоа радувај се младецу, за време на својата младост, и весели се во деновите на својата младост; оди по патиштата на своето срце и следи ги желбите на своите очи; но знај дека Бог ќе ти суди за сè тоа.

10. Затоа, отстрани ја лутината од своето срце и отстрани го лукавството од своето тело. Но детството и младоста се суета.

Прочитајте целосна глава Проповедник 11