Стар Завет

Нов Завет

Проповедник 11:1-4 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Фрли го својот леб во водата, и ќе го најдеш после многу време.

2. Раздели им на седуммина или осуммина, зашто не знаеш какво зло ќе ја снајде земјата.

3. Кога облаците ќе се наполнат со дожд, ја истуруваат на земја; ако падне дрво кон југ или кон север, сеедно: каде ќе падне таму и станува.

4. Кој внимава на ветерот, не сее и кој гледа на облаците, не жнее.

Прочитајте целосна глава Проповедник 11