Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 6:5-13 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Одврати ги твоите очи од мене, зашто ме збунуваат.

6. Твојата коса е како стадо кози, што слегуваат од Галад. Забите ти се како стадо истригани овци кога доаѓаат од капење: идат две и две како близначки, и ниедна не е осамена.

7. Твоите образи се како калинкини половинки под твојот превез.

8. Има шеесет царици и осумдесет наложници и безброј девици.

9. Но само една е мојата гулабица, мојата совршена единствена на мајката, избраница на својата родителка. Девиците ја видоа и и заблажеваа, а цариците и наложниците ја пофалија.

10. Која е оваа која доаѓа како мугрите што осамнуваат, прекрасна е како месечината, сјајна како сонцето, страшна како војска под знамињата?

11. Слегов низ ореови насади, за да ги видам младите растенија во долината, за да видам дали распупиле лозјата, дали цветаат калинките?

13. „Врати се, врати се, Суламко, врати се за да те гледаме.” Што ќе видите на Суламка, која игра во две дружини?

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 6