Стар Завет

Нов Завет

П.надпесн. 3:5-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Ве заколнувам, ерусалимски ќерки, во полските срни и елени, не ја будете и не ја тревожете мојата возљубена, додека самата не посака!

6. Што се дига тоа од пустината како столб од дим, од кадењето на смирната и темјанот и на сите милномирисни правови?

7. Ете, тоа е Соломоновата носилка, околу неа, шеесет стројни момчиња, од најсилните во Израел!

8. Сите се вешти со мечевите, обучени се за војна; секому мечот му е на бедрото, заради ноќните опасности.

9. Царот Соломон си направи престол за себе од ливанско дрво.

10. Ги направи неговите столпчиња од сребро, потпирачите за лакти од злато; седиштето од црвено сукно; сè е украсено внатре, со љубовта на ерусалимските ќерки.

11. Излезете, сионски ќерки, и видете го царот Соломон со венецот, со кој го овенча неговата мајка, во денот на неговата свадба, во денот на радоста на неговото срце.

Прочитајте целосна глава П.надпесн. 3