Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 5:11-22 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

11. Ги осквернија жените на Сион и девиците во јудејските градови.

12. Со свои раце ги бесеа кнезовите, не ги почитуваа ни старечките лица.

13. Момчињата ги натераа да мелат, децата паѓаа под бремето на дрвата.

14. Старците ја оставија вратата, младите веќе не свират на лири.

15. Ја снема радоста од нашите срца, нашето играње се претвори во тажење.

16. Венецот падна од нашата глава, тешко ни нам што згрешивме!

17. Еве, зошто ни болува срцето, еве, зошто ни се покриваат очите:

18. затоа што опусте Сионската Гора и по неа скитаат шакали.

19. А Ти, Господи, остануваш за секогаш, Твојот престол е од колено до колено.

20. Зошто да нè заборавиш за секогаш, да нè оставиш за долго време?

21. Врати нè кон себе, Господи, и ќе се обратиме. Обнови ги нашите денови како што беа некогаш.

22. Или сакаш да нè зафрлиш сосем и да се срдиш бескрајно на нас?

Прочитајте целосна глава П.еремиин 5