Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:59-66 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

59. Ти, Господи, виде како ме угнетуваат, пресуди ми правда.

60. Ти ја виде сета нивна одмазда, сите измами против мене.

61. Ги чу, Господи, сите нивни подигравки, сите лукавштини против мене.

62. Усните на моите противници и нивните мисли против мене се по цел ден.

63. Кога седат, кога стануваат, само погледај: јас сум им потсмешлива песна.

64. Врати им, Господи, мило за драго, според делата на нивните раце.

65. Направи да им окорават срцата, удри ги со Своето проклетство.

66. Гони ги гневно и истреби ги сите под Своите небеса, Господи!

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3