Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:42-48 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

42. Да, ние се одметнавме, бевме непокорни, а Ти, Ти не проштаваше!

43. Опфатен од Својот гнев, нè гонеше, нè умртвуваше и не нè штедеше.

44. Се завитка со облак, за да не стигне молитвата до Тебе.

45. Направи од нас гној и мерзост меѓу народите.

46. Сите наши непријатели отворија уста против нас.

47. Ужасот и јамата ни беа судбина, пропаст и гибел!

48. Потоци солзи течат од моите очи заради пропаста на Ќерката на мојот народ.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3