Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:37-44 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

37. Кој рекол нешто и се случило? Не го заповеда ли тоа Господ?

38. Не доаѓаат ли од устата на Сèвишниот и доброто и злото.

39. На што се жалат живите луѓе? секој на својот грев.

40. Да ги испитаме, да ги пребараме своите патишта и да Му се вратиме на Господа.

41. Да ги подигнеме своето срце и своите раце кон Бога, Кој е на небесата.

42. Да, ние се одметнавме, бевме непокорни, а Ти, Ти не проштаваше!

43. Опфатен од Својот гнев, нè гонеше, нè умртвуваше и не нè штедеше.

44. Се завитка со облак, за да не стигне молитвата до Тебе.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3