Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:31-43 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

31. Зашто Господ не отфрла никого засекогаш:

32. зашто и ако растажи, Тој се смилува заради Својата голема љубов.

33. Бидејќи Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки.

34. Кога се газат со нозе сите земни затвореници,

35. кога му се изопачува правдата на човекот пред лицето на Сèвишниот,

36. кога му се нанесува неправда на човекот во парница, зар Господ не гледа?

37. Кој рекол нешто и се случило? Не го заповеда ли тоа Господ?

38. Не доаѓаат ли од устата на Сèвишниот и доброто и злото.

39. На што се жалат живите луѓе? секој на својот грев.

40. Да ги испитаме, да ги пребараме своите патишта и да Му се вратиме на Господа.

41. Да ги подигнеме своето срце и своите раце кон Бога, Кој е на небесата.

42. Да, ние се одметнавме, бевме непокорни, а Ти, Ти не проштаваше!

43. Опфатен од Својот гнев, нè гонеше, нè умртвуваше и не нè штедеше.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3