Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 3:24-37 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

24. „Господ е мој дел,” ми вели душата, и затоа се надевам во Него.”

25. Добар е Господ за оној, кој се надева во Него, за душата, која Го бара.

26. Блазе му на тој, кој трпеливо чека спасение од Господа.

27. Блазе му на човекот кога тој носи јарем во својата младост.

28. Нека седи во осаменост и нека молчи, зашто Тој му го наметна тоа;

29. нека ги долепи усните до правот, можеби уште има надеж!

30. Нека му го сврти образот на оној, кој го бие, нека се засити со подигравка.

31. Зашто Господ не отфрла никого засекогаш:

32. зашто и ако растажи, Тој се смилува заради Својата голема љубов.

33. Бидејќи Тој не по волјата на Своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки.

34. Кога се газат со нозе сите земни затвореници,

35. кога му се изопачува правдата на човекот пред лицето на Сèвишниот,

36. кога му се нанесува неправда на човекот во парница, зар Господ не гледа?

37. Кој рекол нешто и се случило? Не го заповеда ли тоа Господ?

Прочитајте целосна глава П.еремиин 3