Стар Завет

Нов Завет

П.еремиин 1:10-19 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Непријателот посега со раката кон сите негови скапоцености. Гледаше како многубожците навлегуваат во неговото светилиште, оние на кои им го забрани и пристапот во Својот собир.

11. Сиот Негов народ воздивнува барајќи леб; сите даваат бесценети камења за храна, за да живнат повторно. Ете, Господи, погледај, зашто сум презрен!

12. Сите вие, кои поминувате по патот, погледајте и видете има ли болка каква што е болката со која сум погоден јас, со која Господ ме удри во денот на Својот жесток гнев!

13. Пушти оган од висината, го втера во моите коски. Пред ногата ми оптегна мрежа и така ме обори назад; ме растажи, ме ожалости за сите времиња.

14. Ме натовари со моите гревови, ги пристегна со Својата рака; ми ги навали врз вратот, ми ја одзеде силата. Господ ме предаде во нивните раце, не можам да се исправам.

15. Господ ги отфрли сите јунаци од мојата средина: го свика собранието против мене, за да ги уништи моите млади луѓе. Господ ме изгази во каца, девицата, Јудината ќерка.

16. Затоа треба да плачам, очите ми леат солзи, зашто е далеку од мене мојот утешител, за да ми го поврати духот. Моите синови се поразени, премногу силен беше непријателот.

17. Сион ја испружува раката, му нема утешител. Господ против Јакова повикува угнетувачи од сите страни; и така Ерусалим стана страшило меѓу нив.

18. Господ, Тој е праведен: зашто му се спротивставив на Неговиот збор. Ох, чујте сите народи, гледајте ја мојата болка: мои девици, мои млади луѓе, сите отидоа во прогонство!

19. Ги повикав сите свои пријатели, но тие ме измамија. Моите свештеници и старешините загинаа во градот барајќи храна, за да живнат повторно.

Прочитајте целосна глава П.еремиин 1