Стар Завет

Нов Завет

Осија 8:5-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

5. Го отфрлив твоето теле, Самаријо, Мојот гнев се распламте против нив. До кога ќе останат нечисти Израелевите синови?

6. Некој уметник го направи, и тоа не е Бог. Самариското теле ќе се претвори во делови.

7. Посеаја ветер, и ќе пожнеат бура; житото не ќе им из’ртее, не ќе даде брашно; и ако даде, ќе го изедат туѓинци.

8. Израел е проголтан, еве го меѓу народите како нескапоцена посатка;

9. зашто отидоа кај Асирецот, кај дивото осле што живее само! Ефрем ги дарува љубовниците.

10. Само нека ги дарува, сега ќе ги распрснам меѓу народите: и наскоро ќе се растреперат под товарот на царот на кнезовите.

11. Ефрем ги умножи жртвениците, тие му послужија за грев.

12. Да му напишам и илјади Свои закони тие ќе ги сметаат за туѓи.

Прочитајте целосна глава Осија 8