Стар Завет

Нов Завет

Осија 6:3-11 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. Да се стремиме да Го запознаеме Господа; како утринската зора е Неговото јавување. Тој ќе ни дојде како есенски дожд, како пролетен дожд што ја натопува земјата.”

4. Што можам да сторам за тебе, Ефреме? Што можам да сторам за тебе, Јудо? Вашата побожност е како утрински облак, како рана роса што ја снемува.

5. Затоа ги сечев преку пророците и ги убивав со зборовите на Својата уста; но Твојот суд ќе излезе како светлина.

6. Зашто милоста ја сакам, а не жртви, и познавањето на Бога, повеќе од палениците.

7. Но тие како Адама го прекршија заветот и таму Ме изневерија Мене.

8. Галад е злосторнички град, полн со крвави траги.

9. Свештеничката дружба е како разбојничка заседа: убиваат по Сихемскиот Пат; навистина, прават срам!

10. Ужас видов во Израелевиот дом; таму Ефрем му се предава на блудството и се обесветува Израел.

11. И тебе, Јудо, ти одредив жетва, кога ќе ја свртам судбината на Својот народ.

Прочитајте целосна глава Осија 6