Стар Завет

Нов Завет

Осија 4:1-10 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Чујте го Господовото слово, Израелеви синови, зашто Господ спори со жителите на земјата. Нема веќе верност, нема милост, нема познавање Божјо на земјата,

2. туку проклетство и лага, убивање и кражба, прељуба и насилство, една крв ја стигнува другата.

3. Затоа земјата ќе тагува и ќе гинат сите нејзини жители со полските ѕверови и со небесните птици, та ќе гинат и рибите во морето.

4. Сепак нека никој не се препира, нека никој не укорува. Но со тебе треба да се препирам, свештенику.

5. Дење ти ќе се слизнуваш, а ноќе со тебе ќе се слизнува и пророкот; ќе ја погубам твојата мајка.

6. Мојот народ гине: нема знаење; зашто ти го отфрли знаењето, и Јас те отфрлам тебе од Моето свештенство; зашто го заборави Законот на Својот Бог, и Јас ќе ги заборавам твоите синови.

7. Колку повеќе ги имаше, толку повеќе грешеа против мене, својата слава ја заменија со срам.

8. Тие се хранат со гревовите на Мојот народ, душата им лакоми за неговите беззаконија.

9. И со свештеникот ќе биде како и со народот; ќе го казнам за неговите патишта и ќе му наплатам за неговите дела.

10. Ќе јаде, но нема да се насити, ќе блудствува, но не ќе се размножува, зашто тие прекратија да Му служат на Бога -

Прочитајте целосна глава Осија 4