Стар Завет

Нов Завет

Осија 13:9-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Ќе те уништам, Израелу, и кој ќе ти помогне?

10. Та каде ти е царот за да те спаси, каде се твоите кнезови за да те бранат - оние за кои зборуваше: „Дај ми цар и кнезови!”

11. Во Својот гнев ти дадов цар, и во расрденост ти го земам.

12. Добро се чува Ефремовото беззаконие, неговиот грев добро е пазен во скривалиште.

13. Врз него дојдоа родилни болки, ама тој е лудо чедо, не излегува на време од мајчината утроба!

14. Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам.

15. Така е плоден Ефрем меѓу браќата, но ќе дојде источен ветер, Господов ветер од пустината: ќе му ги исуши изворите, ќе му ги пресуши кладенците, ќе му ја ограби ризницата, ќе му го однесе благото.

16. Самарија ќе биде запустена зашто се побуни против Својот Бог. Тие ќе паднат од меч, нивните младенци ќе бидат погубени, ќе им ги распорат нивните трудни жени.

Прочитајте целосна глава Осија 13