Стар Завет

Нов Завет

Осија 13:14-16 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

14. Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам.

15. Така е плоден Ефрем меѓу браќата, но ќе дојде источен ветер, Господов ветер од пустината: ќе му ги исуши изворите, ќе му ги пресуши кладенците, ќе му ја ограби ризницата, ќе му го однесе благото.

16. Самарија ќе биде запустена зашто се побуни против Својот Бог. Тие ќе паднат од меч, нивните младенци ќе бидат погубени, ќе им ги распорат нивните трудни жени.

Прочитајте целосна глава Осија 13