Стар Завет

Нов Завет

Осија 13:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Та каде ти е царот за да те спаси, каде се твоите кнезови за да те бранат - оние за кои зборуваше: „Дај ми цар и кнезови!”

11. Во Својот гнев ти дадов цар, и во расрденост ти го земам.

12. Добро се чува Ефремовото беззаконие, неговиот грев добро е пазен во скривалиште.

13. Врз него дојдоа родилни болки, ама тој е лудо чедо, не излегува на време од мајчината утроба!

14. Јас ќе ги избавам од власта на пеколот, ќе ги спасам од смртта! Смрт, каде е твоето осило? Гробу, каде е твојата победа? За тоа нема да се покајам.

Прочитајте целосна глава Осија 13