Стар Завет

Нов Завет

Осија 13:1-5 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Кога зборуваше Ефрем, задаваше страв, зашто тој беше првенец во Израел, но згреши со Ваала и загина.

2. И сега уште грешат тие правејќи си идоли од сребро, идоли според својата замисла: сите тие се дело на ракотворец! Ним - велат - жртвувајте им, луѓето нека ги целиваат телињата!

3. Затоа тие ќе бидат како утрински облак, како роса што ја снемува бргу, како плева разнесена од гумното, како дим што излегува низ отворот.

4. А Јас Сум Господ, твој Бог сè од Египетската Земја: не љуби друг Бог освен Мене! Нема Спасител освен Мене.

5. Јас те љубев во пустината, во сувата земја.

Прочитајте целосна глава Осија 13