Стар Завет

Нов Завет

Неемија 7:15-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

15. и да ги однесеш среброто и златото, што царот и неговите седум советници доброволно Му принесуваат на Израелевиот Бог, Кој живее во Ерусалим,

16. и сето сребро и злато што ќе го собереш по сета вавилонска покраина со доброволните приноси, кои народот и свештениците ќе ги принесат за Домот на својот Бог во Ерусалим.

17. И погрижи се со тие сребреници да купиш јунци, овни и јагниња, а исто така и дарови и налевниците што одат со тоа: принеси го тоа врз жртвеникот на Домот на вашиот Бог во Ерусалим.

Прочитајте целосна глава Неемија 7